Корисничко име Лозинка Пријави се
11.2.2017

Нови проблеми за Монтела

Тренерот на Милан нема да може да смета на еден од најдобрите дефанзивци за претстојниот натпревар од 24-тото коло од Серија А.

Од претходно беше познато дека поради повреда против Лацио на „Олимпико“ нема да играат Палета, Де Шиљо и Антонели, а сега уште еден првотимец од последната линија отпадна од конкуренција.
Поранешниот фудбалер на Рома, Алесио Ромањоли, претрпе повреда на мускулот на десната натколеница и нема да биде на располагање на Монтела на важниот натпревар во италијанската престолнина.
Милан по серијата од четири меча без победа (три порази и реми) ја совлада Болоња и тоа со два играчи помалку, но се чини дека победата во претходното коло нема да биде почеток на нова победничка серија на „росонерите“ поради некомплетната одбрана.
По неколкуте слаби резултати Милан е на седмата позиција на табелата со 40 бодови и како што стојат работите тешко дека славниот клуб ќе успее да избори пласман во Лигата на шампионите, а под прашање е и нивното учество во Лигата на Европа.

 

Најнови вести