Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2017

Мурињо: Сè беше под контрола

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека е задоволен од пласманот на неговиот тим во осминафиналето на Лигата на Европа, со вкупна победа над Сент Етјен од 4-0.

По триумфот од 3-0 на преполниот „Олд Трафорд“, „црвените ѓаволи“ со минимален резултат славеа на гостувањето кај францускиот клуб.
„Сè беше под контрола. Бевме добри, фокусирани, професионални. Секако дека првиот гол ја убива секоја надеж. Секако дека сакавме да победиме. Им реков на своите соиграчи дека ако некој ми даде победа со резултат 2-1, тоа не е доволно. Секогаш сакам најдобар можен резултат“, изјави Мурињо.
Португалскиот стручњак додаде дека е задоволен од тоа како играл неговиот тим, иако Ерик Бејли заработи исклучување бидејќи доби два жолти картони во рок од три минути.
„Морам да им дадам вистинска порака на играчите, а тоа е дека на теренот се силните играчи, но и дека имате добри опции на клупата. Знаевме дека ќе биде тешко. Беше важно да одиграме добро и во целост да го контролираме натпреварот“, додаде Мурињо.

Најнови вести