Корисничко име Лозинка Пријави се
24.2.2017

Руни пресече: Ви благодарам што ме сакате, но никаде не одам

Вејн Руни, напаѓачот на Манчестер јунајтед, изјави дека одлучил да остане во клубот од „Олд Трафорд“ и покрај астрономските понуди од клубовите од Кина.

Англискиот репрезентативец потврди дека нема намера да ги напушти „црвените ѓаволи“.
„И покрај покажаниот интерес од страна на другите клубови, на кои им сум благодарен, сакам да ставам точка на шпекулациите и да ја објавам одлуката дека останувам во Манчестер јунајтед“, изјави Руни.
Триесет и едногодишниот Англичанец на „Олд Трафорд“ дојде во 2014 година од Евертон и со Јунајтед освои: пет титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, ФА купот, два пати Лига купот на Англија и четири пати Суперкупот на Англија.

Најнови вести