Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2017

Остварен сонот на Сер Алекс Фергусон: Јунајтед потрофеен од Ливерпул

Манчестер јунајтед вчера официјално стана најтрофеен англиски клуб со 42 трофеи од големите натпреварувања.

„Црвените ѓаволи“ со победата над Саутхемптон (3-2) на „Вембли“ го престигнаа најголемиот ривал Ливерпул, кој долги години беше најтрофеен во државата.
Јунајтед пред неколку години ги надмина „црвените“ според бројот на титули во домашното првенство, но екипата од „Енфилд роуд“ сепак според бројот на трофеи и понатаму беше пред него.
Со двата гола Златан Ибрахимовиќ, кој го предводи тимот на Жозе Мурињо, на крајот го доведе Јунајтед на апсолутниот престол на англискиот фудбал, што беше цел на човекот кој го поплочи овој пат кон успехот, Алекс Фергусон.
„Мојот најголем предизвик не е што ќе се случи во овој момент, туку најголем предизвик е да го тргнам Ливерпул од неговиот престол. Можете така да напишете“, изјави Фергусон кога беше именуван за менаџер на Јунајтед во далечната 1986 година.
„Ова е тимски успех. Поради ова сум овде, да победувам, и тоа го правам. Што повеќе победувам, сè повеќе сум задоволен. Колку сте постари, таквите работи ги цените сè повеќе. Каде и да отидев, победував. Мислам дека овој е 32-ри трофеј во мојата кариера. Го предвидов ова, уживам во Англија“, изјави Ибрахимовиќ.
Во Ливерпул уште пред финалето на Лига купот се подготвија за тоа, па пред неколку дена го избришаа од нивниот официјален профил на „Твитер“ описот дека се најуспешен англиски клуб со 41 трофеј.
Беа потребни 30 години, но Јунајтед конечно е пред Ливерпул според бројот на титули. „Црвените“ можат да се гордеат уште само со поголемиот број трофеи во Купот/Лигата на шампионите, каде што односот е 5-3.

Манчестер јунајтед:
Шампионат – 20
ФА куп – 12
Лига куп – 5
Лига/Куп на шампиони – 3
Куп на победниците на куповите – 1
Светско клупско првенство – 1

Луверпул:
Шампионат – 18
ФА куп – 7
Лига куп – 8
Лига/Куп на шампиони – 5
Куп УЕФА/Лига на Европа – 3

Најнови вести