Корисничко име Лозинка Пријави се
02.3.2017

Инзаги: Против Рома одигравме совршено

Симоне Инзаги, тренерот на фудбалерите на Лацио, беше среќен по победата над најголемиот ривал Рома во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.

„Убаво е кога добивате комплименти поради играта. Навистина одигравме совршено и се чини дека Рома не можеше да се избори со нас. Моите момчиња навистина фантастично се подготвија за овој натпревар, што се виде и на теренот. Меѓутоа, иако нашите навивачи се во еуфорија сега, сакам да истакнам дека ние сме само на половина пат кон својата цел. Допрва нè очекува реванш-натпреварот, во којшто се надевам дека ќе блескаме како во првиот. Сакаме да се пласираме во финалето и да го освоиме Купот“, изјави Симоне Инзаги.
Лацио славеше против Рома со резултат 2-0, а натпреварот го обележа српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој го постигна водечкиот гол во 29-тата минута,а конечниот резултат го постави Чиро Имобиле во 78-мата минута.
Ова е прв пат Лацио да слави во римското дерби уште од мај 2013 година, а оттогаш Рома беше непоразена во седум последователни дербија.
Реваншот на програмата е на петти април, а тогаш се игра и другиот натпревар од другото полуфинале меѓу Јувентус и Наполи.

Најнови вести