Корисничко име Лозинка Пријави се
08.3.2017

Ибра казнет со три натпревари, ќе го пропушти Челзи во Купот

Златан Ибрахимовиќ, најдобриот стрелец на Манчестер јунајтед, е суспендиран на три натпревари поради насилничко однесување на теренот во натпреварот против Борнмут.

Швеѓанецот го удри со лакот во глава Тајрон Мингс при еден скок, а непосредно откако тој го згазна со копачката по глава по еден судир во средината на теренот.
Мингс исто така е обвинет за насилно однесување, но Борнмут, за разлика од Јунајтед, поднесе жалба кај Фудбалската асоцијација, па одлуката за него дополнително ќе биде донесена.
Тие не беа казнети поради овие прекршоци во текот на натпреварот, но Фудбалската асоцијација ги обвини за насилно однесување.
„Што ќе се случи на теренот, останува на теренот. Не сум некој кој ги напаѓа другите играчи во игра. Одев кон топката и тој несреќно скокна на мојот лакот. Не беше намерно. Се надевам дека не е повреден. Не знам за газењето, ако бил тој, тогаш тој е“, изјави Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ ќе го пропушти четврт-финалниот дуел меѓу Јунајтед и Челзи во ФА купот (на 13-ти март), како и средбите со Мидлсборо и со Вест Бромич во Премиер лигата.
Швеѓанецот е најдобриот стрелец на Јунајтед оваа сезона, постигна 15 голови во Премиер лигата, а 26 на 39 натпревари во сите натпреварувања.
Јунајтед е шести во првенството со 49 освоени бодови, еден помалку од петтопласираниот Арсенал, а три од Ливерпул, кој се наоѓа на местото кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.
„Црвените ѓаволи“ утре гостуваат кај рускиот Ростов, во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на Европа.

Најнови вести