Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2017

Мхитарјан: Теренот е виновен за неинтересниот натпревар

Манчестер јунајтед не успеа да триумфира на гостувањето кај Ростов во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на Европа, и покрај водечкиот погодок на Хенрих Мхитарјан.

Мхитарјан, еден од најдобрите играчи на англискиот тим во последно време, изјави дека натпреварот не се играл во најидеални услови.
„Се обидовме да победиме, можеби ни фалеше фокусирање на почетокот на второто полувреме, но игравме онолку добро колку што дозволуваше теренот“, изјави Мхитарјан.
„Не сакам да зборуваме за теренот, бидејќи за двата тима беше многу тешко. Ова не беше премногу интересен натпревар“, додаде играчот на Јунајтед.
Слично мислење има и менаџерот на гостите, Жозе Мурињо.
„Ова беше наша многу добра партија, земајќи ги предвид условите. Не беше можно да се држи топката и да се додава. Ова беше ново искуство за нас. Нашиот фудбалски живот полн е со искуства, а ова е уште едно во низата“, изјави Мурињо.

Најнови вести