Корисничко име Лозинка Пријави се
17.3.2017

Погба се повреди, се чека проценка

Фудбалерите на Манчестер јунајтед синоќа ја нагостија екипата на Ростов во осминафиналето на Лигата на Европа, а на стартот на второто полувреме добија лоши вести, Пол Погба мораше да го напушти теренот поради повреда.

Французинот мораше да го напушти теренот во 47-мата минута од натпреварот поради болки во задниот дел на бутниот мускул.
Ваквите повреди главно не ветуваат, бидејќи Погба без контакт при една трка застана и се фати за задниот дел на бутниот мускул на десната нога.
Жозе Мурињо мораше веднаш да реагира и во игра го воведе Мауран Фелаини.
Во текот на денешниот ден ќе се знае колку е сериозна повредата, односно колку долго Мурињо нема да може да смета на него.

Најнови вести