Корисничко име Лозинка Пријави се
17.3.2017

Лига на шампиони: Реал доаѓа во Минхен, Барселона во Торино

Баерн Минхен ќе игра против Реал Мадрид во четврт-финалето на Лигата на шампионите, а во второто дерби на оваа фаза ќе се сретнат Јувентус и Барселона.

Освен двата класика, четврт-финалето донесе уште два интересни дуели во кои Атлетико Мадрид ќе се сретне со Лестер, а Борусија Дортмунд го доби Монако.
Реал Мадрид и Баерн Минхен играат меѓу себе по трет пат во оваа деценија, откако по еднаш славеа во полуфиналето на најелитното европско натпреварување, а Јувентус и Барселона е реприза на финалето од 2015 година.
Актуелниот англиски шампион Лестер прво ќе гостува на „Висенте Калдерон“, додека многу голови се очекуваат на двете напаѓачки настроени екипи од Дортмунд и Монако.
Првите натпревари од четврт-финалето на Лигата на шампионите се играат на 11-ти и 12-ти април, а реваншите седум дена подоцна.

Лига на шампиони, четврт-финални двојки:
Атлетико Мадрид - Лестер
Борусија Дортмунд - Монако
Баерн Минхен – Реал Мадрид
Јувентус – Барселона

Најнови вести