Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2017

Гриезман го сонува дресот на Реал или на Барселона

Антоан Гриезман, најдобриот фудбалер на Атлетико од Мадрид, изјави дека еден ден би сакал да направи трансфер во редовите на градскиот ривал Реал или во Барселона.

„Да одам во Барселона или во Реал? Зошто да не... Би го остварил сонот да заиграм за еден од тие два големи клуба. Исто така мислам и за Баерн или за неколку англиски клубови. Сепак, сега не се гледам себеси надвор од Шпанија“, изјави Гриезман за францускиот „Л’Екип“.
Францускиот голгетер додаде дека не е подготвен да си оди од Шпанија, пред сè поради климатските услови и животот во таа земја.
„Себеси можам да се замислам во Барселона или во Реал, а не надвор од Шпанија, бидејќи ја сакам овдешната клима и сонцето. Среќен сум во приватниот живот“, додаде Гриезман.
Овој 26-годишен фудбалер, кому токму денес му е роденден, ја игра неговата трета сезона на „Висенте Калдерон“, но судејќи според сè, нема намера да игра и четврта и со тоа да ги отфрли богатите понуди на големите клубови.
Гриезман налето ќе има слатки маки бидејќи ќе може да бира меѓу Реал, Барселона, ПСЖ, Манчестер јунајтед...

Најнови вести