Корисничко име Лозинка Пријави се
26.11.2011

Катанец нов селектор на Албанија

Поранешниот селектор на Словенија, Среќко Катанец е новиот тренер на националниот тим на Албанија.

Според договорот годишната плата на Словенецот ќе изнесува 120.000 евра. Катанец, кој имаше богата интернационална Кариера, на клупата на Албанија ќе го замени Хрватот Јосип Куже.
„Катанец е новиот селектор. Тој има големи амбиции и самодоверба. Ова е голема можност за него“, изјави за неговото именување еден од челниците на албанската фудбалска федерација, а договорот се очекува да биде потпишан во следните денови.
Среќко Катанец од 2006 до 2009 година беше селектор на Македонија, а последните две години беше тренер и на Соединетите Арапски Емирати, но со нив немаше забележителен успех по ангажманот со Словенија со која настапи на Европското првенство во 2000 година и на Светското првенство во 2002 година.

Најнови вести