Корисничко име Лозинка Пријави се
01.4.2017

Крај на една ера - Севилја останува без Мончи

Спортскиот директор Рамон Родригес Мончи, мозокот зад големите успеси на Севилја, по 17 години ја напушта Андалузија и ќе ја преземе таа функција во Рома.

Мончи, архитектот во освојувањето девет од вкупно 13 трофеи во историјата на Севилја, на клубот му донесе повеќе стотини милиони евра со одличните работни потези и трансферите, како Дани Алвес, Иван Ракитиќ, Кевин Гамеиро и други – остварувајќи добивка од дури 150 милиони евра.
Но, дошло време за нов предизвик, изјавувајќи дека е во сериозни преговори со Џејмс Палота, претседателот на Рома.
„Сè уште не сум потпишал ништо, но Рома покажа најголем интерес. Вистина е дека бев со нејзините челници во Лондон минатата недела“, изјави Мончи, а пренесува агенцијата АФП.
Во Севилја жалат што си заминува гуруто на трансферите, се обиделе да го задржат со многу посилен договор, но Мончи инсистирал да си оди.
Целата кариера ја помина во Севилја, како голман почна во младите селекции и подоцна десет години бранеше за првиот тим.
Во времето додека беше функционер, Севилја освои пет трофеи - Лигата на Европа, Суперкупот на УЕФА, два пати Кралскиот куп и Суперкупот на Шпанија.

Најнови вести