Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2017

Почнува ремонт во Милан: Доаѓа Мусакио, Кесје на прагот

Новите сопственици решиле да го засилат Милан и подготвено да ја дочекаат наредната сезона, во која би се вклучиле во борбата за пласман во Лигата на шампионите.

Наводно, веќе е договорен трансферот на Матео Мусакио, стоперот на Вилјареал, а „росонерите“ би требало да го платат Аргентинецот 18 милиони евра. Тука не е крајот на евентуалните засилувања.
Еден од играчите коишто ја обележаа оваа сезона, Франк Кесје од Аталанта, беше на прагот од Рома, но Милан се вмеша и изгледа стекна предност. Спремен е да понуди 28 милиони евра за оштета, колку и Рома, но и подобри услови за играчот. Наводно, Кесје се согласил на договорот вреден 1.800.000 евра по сезона.
Милан моментно е на последното место кое води во Лигата на Европа, со три бода повеќе од градскиот ривал Интер, но под голем знак прашалник е колкав е ентузијазмот на „росонерите“ за да се квалификуваат во второто по ранг европско натпреварување. 
Како прво, во тоа време им е закажана азиската турнеја, инаку многу важна од финансиски аспект. Можеби и позначајна ставка од тоа да не се брка Европа по секоја цена е намерата да не се влегува во ревизија на финансискиот фер плеј во оваа година, туку тоа да се одложи за една година за да се обезбеди време за сериозни вложувања во преодниот рок и да се направи тим кој би завршил меѓу првите четири и би обезбедил пласман во Лигата на шампионите.

Најнови вести