Корисничко име Лозинка Пријави се
03.6.2017

Сампаоли ја презеде Аргентина: Го сакам најдобриот Меси

Аргентинскиот стручњак Хорхе Сампаоли официјално ја презеде клупата на репрезентацијата на Аргентина.

Фудбалската асоцијација на Аргентина му плати 1,5 милиони евра оштета на досегашниот клуб на Сампаоли, Севилја, односно склучи петгодишен договор со темпераментниот тренер.
Сампаоли како главна цел постави од капитенот Лионел Меси да го извлече максимумот, бидејќи тоа е патот кон големите успеси.
„Ова е остварување на соништата, отсекогаш се воодушевував на местото селектор на Аргентина. Ја сакам најдобрата верзија на Меси“, изјави Сампаоли на претставувањето, алудирајќи дека сака чекор напред во однос на поразите на Аргентина во финалето на Светското првенство (2014) и на Копа Америка (2015 и 2016).
Сампаоли е трет селектор на „гаучосите“ во квалификациите за Мундијалот во Русија, по Херардо Мартино и Едгардо Бауза.
Подобро деби не ни можеше да посака – пријателскиот натпревар против Бразил на деветти јуни во Мелбурн.

Најнови вести