Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2017

Обамејанг во ПСЖ за 70 милиони евра

Пјер-Емерик Обамејанг, најдобриот стрелец на Борусија од Дортмунд, ќе направи трансфер во ПСЖ за 70 милиони евра.

Реномираниот германски весник „Билд“, кој секогаш прв најавувал кој си заминува од Дортмунд, како Марио Геце, Роберт Левандовски, Матс Хумелс и други, сега пренесува дека брзоногиот фудбалер од Габон потпишал четиригодишен договор со ПСЖ според кој ќе заработува 14 милиони евра по сезона.
Дека големиот трансфер е на повидок зборува и податокот дека Обамејанг веќе купил вила во елитната населба во Париз, што потврдил и „Беин спортс“, медиумската куќа во сопственост на претседателот на ПСЖ.
Борусија подготвено чека да си замине стрелецот на 40 голови во минатата сезона бидејќи веќе почнала со преговори за трансфер на Александр Лаказет од Лион и на Николас Аларио од Ривер плате.

Најнови вести