Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2017

Германија во финалето на Купот на конфедерациите

Репрезентацијата на Германија убедливо го победи Мексико со 4-1 во полуфиналето на Купот на конфедерациите.

Натпреварот беше решен во првите десет минути, кога двократен стрелец беше Леон Горецка.
Прво во шестата минута, по асистенцијата на Бенџамин Хенрикс, го совлада Гилјермо Очоа, а две минути подоцна го искористи одличниот пас во просторот на Вернер, по што искусно ја испрати топката зад грбот над голманот.
До крајот на полувремето немаше голови, па на паузата резултатот беше 2-0.
Во продолжението на натпреварот, Вернер постигна гол. По 59 минути игра, искусниот напаѓач на Лајпциг РБ одличната акција ја круниса со погодок.
Мексико успеа да го намали резултатот на 3-1 со одличниот гол на Фабијан од 25 метри, но конечните 4-1 во 90+1 минута ги постави Амин Јунес.
Германија во финалето на Купот на конфедерациите, кој се одржува во Русија, ќе игра со Чиле, кој по пеналите, ја совлада Португалија.

Најнови вести