Корисничко име Лозинка Пријави се
17.7.2017

Милан не запира, пристигнува и Мората за 70 милиони евра

Италијанскиот гигант Милан продолжува со големи вложувања во тимот, на прагот е Алваро Мората, напаѓачот на Реал Мадрид, со 70 илјади евра да стане најскап играч во историјата на клубот.

Како што пренесува „Газета дело спорт“, Милан е дури подготвен на Шпанецот Алваро Мората да му понуди плата од десет милиони евра годишно и со тоа да биде најплатен фудбалер на Серија А.
Милан го обнови интересот за Мората од крајот на минатата сезона, се чинеше дека се откажал од неговиот трансфер, но Марко Фасоне, директорот на „росонерите“, изјави дека е во потрага по уште еден напаѓач.
Клубот од „Сан Сиро“ би му задал нов удар на Јувентус бидејќи Мората со голем успех го носеше дресот на торинскиот тим, токму како и Леонардо Бонучи, кој стигна неодамна.
Милан ова лето веќе ги доведе: Леонардо Бонучи, Андре Силва, Лукас Билја, Андре Конти, Франк Кесе, Хакан Чалханоглу, Рикардо Родригез и Матео Мусакио, а Мората на најдобар начин би ја заокружил одличната работа на пазарот на трансферот.

Најнови вести