Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2017

Мурињо: Поподготвени за Премиер лигата

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека неговата екипа има подобри шанси за освојување на Премиер лигата од претходната сезона, додека Лигата на шампионите и понатаму е далеку.

Португалецот изјави дека смета дека за титулата во Лигата на шампионите треба уште многу да се среди, додека домашниот шампионат го очекува доста поподготвен.
„Оваа година ќе биде тешка за нас, но исто така мислам дека сме поподготвени од минатата сезона и сме во подобра позиција да ја освоиме Премиер лигата“, изјави Мурињо.
Манчестер минатата година ја заврши на седмото место, а Португалецот изјави дека екипата мора да верува во себе за да дојде до зацртаната цел.
„Верувам во оваа група момчиња, во нашиот дух, емпатијата и заедништвото. Имам доверба во моите момчиња и ќе се обидеме да ја освоиме титулата“, изјави Жозе.
Иако беше дури шести на табелата, Јунајтед преку Лигата на Европа успеа да стигне до елитното фудбалско натпреварување, па следната година ќе се натпреварува во Лигата на шампионите.
„Во Лигата на Европа влеговме како еден од најдобрите тимови, додека тоа не е случај во Лигата на шампионите. Мораме да бидеме многу подобри за да успееме да се бориме за трофејот“, изјави менаџерот на Манчестер јунајтед.

Најнови вести