Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2017

Најнголан останува уште четири години во Рома

Раџа Најнголан, фудбалерот на Рома, вчера го продолжи договорот со клубот до јуни 2021 година.

Според наводите на медиумите, Најнголан беше желба на Интер, на Челзи и на Манчестер јунајтед, но тој одлучил да остане во Рома.
„Мислам дека докажав дека ова е она што отсекогаш сум го сакал. Многу сум среќен, посебно бидејќи сега клубот и јас можеме да ја продолжиме авантурата и да одиме напред заедно“, изјави Најнголан за интернет-страницата на клубот.
Белгискиот фудбалер во Рома дојде во јануари 2014 година од Калјари на заем, но веќе во летниот преоден рок потпиша договор. Тој досега за Рома одигра 161 натпревар и постигна 27 голови. Минатата сезона одигра 37 натпревари во Серија А и постигна 11 голови, а 14 во сите натпреварувања.

Најнови вести