Корисничко име Лозинка Пријави се
29.7.2017

Македонија ја декласираше Русија, утре за петтото место на СП!

Младата ракометна репрезентација на Македонија го одигра својот најдобар натпревар на Светското првенство за млади играчи кое се одржува во Алжир и ја растури Русија по втор пат на Мундијалот, овој пат со убедливи 36:27.

Избраниците на Илија Темелковски одиграа феноменален натпревар и во ниту еден момент од средбата не покажаа слабост во играта во напад или одбрана.
Како што натпреварот се приближуваше до крајот предноста на нашите ракометари се зголемуваше, а на десетина минути пред крајот разликата беше убедливи 12 голови.
Сепак до крајот Русите успеаја да ја намалат на девет гола и натпреварот заврши со конечни 36:27.
Одличен на голот беше голманот на Металург, Мартин Томовски кој ја направи разликата во првиот дел, додека најефикасен во нашиот тим беше Филип Кузмановски со седум постигнати погодоци.
Во натпреварот за петтата позиција на Светското првенство Македонија ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Тунис и Унгарија.

Најнови вести