Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2017

Барселона без Иниеста во реваншот на Суперкупот

Андрес Иниеста, капитенот на Барселона, ќе го пропушти вториот натпревар од Суперкупот на Шпанија со Реал од Мадрид, кој на програмата се игра вечерва, поради повреда на бутот.

Каталонскиот клуб објави дека Иниеста нема да игра бидејќи го пропушти вчерашниот тренинг со соиграчите, последен пред реванш-натпреварот.
Барселона во првиот натпревар од Суперкупот, кој се одигра во неделата на стадионот „Камп ноу“, беше поразена со 3-1.
Иниеста минатата сезона имаше големи проблеми со повредите и никако не успеваше да дојде до форма. На листата на повредени, искусниот фудбалер им се придружи на Рафиња Алкантара и Томас Вермелен.
Барселона нема објавено колку долго се очекува да отсуствува Иниеста, па постои можност дека ќе го пропушти и отворањето на Примера лигата во недела, кога каталонскиот клуб го дочекува Бетис.
Вториот натпревар од Суперкупот на Шпанија се игра вечерва, од 23 часот.

Најнови вести