Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2017

Милан го сруши клупскиот рекорд според бројот на репрезентативци

Оваа недела ширум светот се играат квалификациски натпревари за Светското првенство во Русија 2018 година, како и натпревари на младите репрезентации, а на нив настапуваа дури 17 фудбалери Милан, што неофицијално е нов клупски рекорд.

Клубот од Милано во летниот преоден рок на засилувања потроши дури 230 милиони евра, а новите сопственици, кинескиот конзорциум кој го купи клубот од легендарниот Силвио Берлускони, не жалеше пари за нови играчи.
Поголемиот дел од нив, од кои би можело да се состави тим и пол, се упатија на репрезентативни задачи уште на првиот термин за државните тимови, што, според пишувањата на италијанските медиуми, е доказ за квалитетот и за интернационалното реноме на клубот.
Стрелци за нивните репрезентации беа Андре Силва (Португалија) и Рикардо Родригез (Швајцарија), додека првите минути во сезоната ги забележа и Лукас Билја (Аргентина).
Репрезентативци на Милан: Донарума, Бонучи, Конти, Монтоливо (Италија), Сусо (Шпанија), Локатели, Калабрија, Кутроне (Уталија У21), Габи (Италија У19), Андре Силва (Португалија), Запата (Колумбија), Родригез (Швајцарија), Чалханоглу (Турција), Кеси (Брегот на Слоновата Коска), Калиниќ (Хрватска), Билја (Аргентина), Гомез (Парагвај).

 

Најнови вести