Корисничко име Лозинка Пријави се
25.9.2017

Мурињо: „Ме замоли да си одам и си заминав“

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, беше исклучен во последните моменти од дуелот од шестото коло на Премиер лигата против Саутхемптон.

„Црвените ѓаволи“ на тешкото гостување славеа со 1-0, а судијата Крег Поусон го испрати Португалецот на трибините.
Португалецот  се ракуваше со сите на клупата на Саутхемптон и мирно го напушти теренот.
„Не знам што се случило. Крег ме замоли да си одам и јас си заминав“, изјави Мурињо.
„Дали барав објаснување? Не. Ми рече да си одам и јас си отидов“, додаде тренерот на Јунајтед.
Јунајтед и Сити по шест одиграни кола, се наоѓаат на првото место на табелата со по 16 бодови.
Екипата на Мурињо во среда ќе гостува кај ЦСКА од Москва во натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите, а следниот викенд на „Олд Трафорд“ ќе го дочека Кристал палас, кој оваа сезона нема освоено ниту еден бод и нема постигнато гол во првенството.

Најнови вести