Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2017

Сусо до 2022 година во Милан

Сусо, фудбалерот на Милан, го продолжи договорот со италијанскиот клуб до летото 2022 година.

Сусо во Милан дојде во јануари 2015 година од Ливерпул, но беше испратен на едногодишен заем во Џенова.
Тој во „росонерите“ се врати за сезоната 2016/17 и под водство на тренерот Винченцо Монтела имаше забележителна улога, по која беше повикан и во репрезентацијата на Шпанија.
Сусо во текот на претходните години постигна седум гола и имаше девет асистенции.
Овој 23-годишен крилен фудбалер на почетокот на оваа сезона продолжи со добрите игри, постигнувајќи два гола и забележувајќи две асистенции.

Најнови вести