Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2017

Манчестер јунајтед десеткуван за викендот

Мурињо има нови проблеми. Покрај тоа што тимот се врати рано наутро во 4 часот од Москва и што има малку повеќе од 48 часа да се одмори пред следниот натпревар, Манчестер јунајтед има проблеми и поради повреди.

Пред дуелот со Московјаните, Мурињо остана без Фил Џонс и Маруан Фелаини, додека Антони Мартијал заработи удар на натпреварот со ЦСКА.
Од претходно на долг период надвор од редовите се Рохо, Погба и Ибрахимовиќ, како и Мајкл Карик.
„Мислам дека нема никакви шанси Карик да се врати за викендот, а Џонс и Фелаини се под голем знак прашалник. Јас се надевам дека ќе бидат подготвени, но тоа е само надеж. Што се однесува до Мартијал, тој заработи удар и штета што не можеше да го заврши натпреварот, бидејќи мојот план беше да ги одигра сите 90 минути“, изјави Мурињо.
Тоа би можело да значи дека Мурињо можеби повторно ќе заигра со тројца назад, како и во Москва, додека за некои играчи, како што се Лукаку, Мхитарјан и Матиќ, нема време за одмор и ротација.
Натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Кристал палас на програмата е во сабота, од 16 часот.

Најнови вести