Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2017

САД нема да оди во Русија

Соединетите Американски Држави загубија на гостувањето кај Тринидад и Тобаго и не успеаја да се пласираат на Светското првенство во Русија, додека Панама и Хондурас беа победници во нивните натпревари.

Екипата на САД доживеа голема срам со поразот на гостувањето кај Тринидад и Тобаго, кој претходно имаше освоено само три бода и се наоѓаше на последното место.
Во 17-тата минута од натпреварот Гонзалез постигна автогол, а Џонс во 37-мата го зголеми водството на 2-0 за Тринидад. На почетокот од второто полувреме Пулишиќ намали на 2-1, но до крајот на средбата САД не успеа да постигне уште еден гол за пласман на Светското првенство во Русија.
Во елиминацијата имаа влијание и резултатите од другите натпревари. Панама со крајно контроверзен гол ја победи Костарика со 2-1. Првиот гол на Панамците беше вистински грабеж, топката не ја помина гол-линијата.
Хондурас го победи Мексико со 3-2 и избори бараж за пласман во Русија.
Првите три екипи ќе одат директно на Светското првенство во Русија, додека четвртата ќе игра во баражот.

Квалификациите за Светското првенство во Северна и Централна Америка:
 1. Мексико 21
2. Костарика 16
3. Панама 13
4. Хондурас 13
5. САД 12
6. Тринидад и Тобаго 6

Најнови вести