Корисничко име Лозинка Пријави се
04.11.2017

Монтела: Како да го гледам сопствениот погреб

Винченцо Монтела, тренерот на Милан, изјави дека се чувствувал како да го гледа сопствениот погреб во ремито 0-0 со АЕК во Атина, во четвртото коло од Лигата на Европа.

„Росонерите“ втор пат во две седмици одиграа без голови со грчкиот тим, па останаа само на една победа во последните седум натпревари во сите натпреварувања.
Милан падна на осмото место на табелата во Серија А, но и понатаму е прв во групата Д од Лигата на Европа со осум освоени бода.
„Веќе подолго време го гледам сопствениот погреб. Тоа ви дава нов поглед на работите... Знам дека клубот има доверба во мене, па ќе видиме. Знаеме дека играчите можат повеќе, тоа се млади, талентирани со голема иднина“, изјави Монтела.
Милан утре гостува кај Сасуоло во натпреварот од 12-тото коло на Калчо лигата.

Најнови вести