Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2017

Мата повторно вишок кај Мурињо, судирот го користи Реал

Реал планира да го искористи тоа што на Хуан Мата, фудбалерот на Манчестер јунајтед, му истекува договорот на крајот на сезоната и да го доведе во неговите редови без оштета.

Мата, изненадувачки, не беше на клупата против поранешниот клуб Челзи во неделата, што веднаш поттикна да се шпекулира дека набрзо ќе си замине „Олд Трафорд“.
Во Челзи имаше судир со Жозе Мурињо, менаџерот на Јунајтед, поради тоа што Португалецот форсира систем без десетки, а интересно е тоа што оваа сезона беше заменет сите 11 пати кога беше стартер.
Мата потекнува токму од младинската школа на Реал, но не доби шанса во првиот тим, туку во Кастилја, по која изгради кариера во Валенсија и во Челзи.
Уште во јануари ќе може да потпише за друг клуб и како слободен играч следното лето ќе може да ја промени средината.

Најнови вести