Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2017

Заза се повреди, неизвесен за Шведска

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Симоне Заза се повреди на тренингот пред првиот натпревар од баражот против Шведска и неизвесно е дали ќе може да настапи.

Напаѓачот на Валенсија по одличните игри во клубот, повторно беше повикан во селекцијата на Италија, за прв пат по Европското првенство 2016 година, кога беше на столбот на срамот по непогодениот пенал против Германија.
Заза мораше повремено да го напушти тренингот на „аѕурите“ поради повредата на левото колено, со која има проблеми подолго време.
Некогашниот напаѓач на Јувентус и покрај тоа, тој ќе биде во протоколот во Шведска, но шансите да заигра се минимални.
Отсуството на Заза ќе значи и нови проблеми за селекторот Вентура при изборот на напаѓачи, со оглед на тоа дека Андреа Белоти неодамна закрепна од повреда, а Чиро Имобиле ги пропушти претходните два дуела за Лацио.
Заза за Италија досега одигра 16 натпревари и постигна еден гол.

Најнови вести