Корисничко име Лозинка Пријави се
20.11.2017

Реал повторно се интересира за Де Хеа

Мадридскиот Реал го обнови интересот и повторно ќе се обиде да го доведе Давид де Хеа, голманот на Манчестер јунајтед.

Де Хеа со години наназад се поврзува со трансфер во Реал, дури во август 2015 година трансферот практично беше завршен, но задоцни документацијата од Манчестер, па сега Мадриѓаните сакаат да ги поправат работите.
Шпанските медиуми тврдат дека Реал е подготвен да понуди 70 милиони евра за голманот роден во Мадрид, кој бранеше за градскиот ривал Атлетико.
Доколку се склучи договорот меѓу двете страни, односно меѓу клубовите, бидејќи чуварот на мрежата има голема желба да игра во редовите на шампионот на Европа, Де Хеа би станал најскапо платен голман на сите времиња и би го срушил Бразилецот Едерсон по летошниот трансфер од Бенфика во Манчестер сити за 39 милиони евра.
Де Хеа мрежата на клубот од „Олд Трафорд“ ја чува веќе шест години.

Најнови вести