Корисничко име Лозинка Пријави се
04.12.2017

Гатузо: Подобро да ме избодеа

Џенаро Гатузо, тренерот на Милан, изјави дека многу емотивно го доживеал првиот лош резултат на клупата на Милан.

Ремито обично не е толку лош резултат ако не водите тим кој вложил 200 милиони евра на засилувања, а Милан прими гол за изедначување во 95-тата минута од голманот на Беневенто.
Беневенто во финишот дојде до изедначување од 2-2 и до првиот бод во тековната сезона на Серија А по 15 одиграни натпревари.
„Секако дека пече, боли овој исход. Подобро би се чувствувал да ме избодеа отколку што го примивме овој гол. Се мачевме последните 15 минути и примивме чуден гол. Никогаш не сум очекувал дека ќе примиме од голманот во 95-тата минута“, изјави Гатузо по натпреварот за италијанскиот „Скај“.
Беневенто со тој гол дојде и до историски првиот бод во Серија А.

Најнови вести