Корисничко име Лозинка Пријави се
25.12.2017

Зидан: Поразот боли, но нема да се откажеме

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, изјави дека на неговата екипа не ѝ се потребни некои промени, и покрај поразот од Барселона, и додаде дека нема да се откаже од борбата за титулата.

Реал на негов терен изгуби од Барселона со 0-3 и заостанува со 14 бода зад најголемиот ривал.
Зидан изјави дека поразот е горчлив, но дека сака да размислува за позитивната игра на неговата екипа во првото полувреме.
„Направивме грешка и лошо се браневме, а тоа на ова ниво е многу значајно. Нема сега да полудиме. Ова е тежок пораз, но нема потреба нешто да менуваме. Почнавме многу добро, првото полувреме беше изедначено, па овој пораз нè боли. Тешко ни е, но се случува тоа во фудбалот“, изјави Зидан, а пренесе „Марка“.
Тој додаде дека неговата екипа не се откажува, иако моментно заостанува со 14 бода.
„Ние никогаш нема да се откажеме. Сега одиме на одмор, не смееме да размислуваме за ова. Мораме да уживаме со семејствата, а потоа да ѝ се вратиме на работата. Не е завршено“, додаде поранешниот француски репрезентативец.
На прашањето за составот на екипата, тој изјави дека Матео Ковачиќ со право бил во стартната постава.
„Морам да одберам, и тоа е тоа. Ковачиќ мораше да внимава на Меси и тоа добро го правеше“, изјави Зидан.
Тој додаде дека ситуацијата станала потешка за неговата екипа кога беше исклучен Дани Карвахал, откако со рака ја спречи топката да влезе во голот.

Најнови вести