Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2011

Батистута спортски директор на Колон

Легендарниот аргентински фудбалер Габриел Батистута ја презеде функцијата спортски директор на Колон, со што ова му е прва ваква улога по повлекувањето од активното играње.

Четириесет и двегодишниот Батистута одигра 78 меча во дресот на репрезентацијата на Аргентина и постигна 56 гола, вклучувајќи два хет-трика на две Светски првенства, а од фудбалот се повлече во 2005 година. Со работа во Колон ќе почне веднаш по Новата година.
„Се чувствувам исто како кога дебитирав во Првата дивизија во 1989 година. Нервозен сум поради некои непознати работи, но убеден сум дека потполно сум способен за оваа работа“, рече Батигол.
Батистута појасни дека неговата работа ќе се состои, т.е. ќе биде врската меѓу директорот, играчите и стручниот штаб на клубот, кој Апертура ја заврши како второпласиран, со дванаесет бода помалку од шампионот Бока јуниорс. Колон се квалификуваше за Копа Судамерикана за наредната година.
Поранешната ѕвезда е родена во провинцијата Санта Фе, а во текот на кариерата играше и за Ривер плате и Бока јуниорс, пред да замине во Фиорентина. По една деценија мината во дресот на „виолетовите“, премина во Рома, со која во 2001 година ја освои титулата во Италија, а кариерата ја заврши во катарскиот клуб Ал-Арабија.

Најнови вести