Корисничко име Лозинка Пријави се
22.1.2018

Само уште потпис – Мхитарјан се согласил да отиде во Ареснал

Хенрих Мхитарјан, фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, се согласил да се пресели во Арсенал во замена за Алексис Санчес, пренесува Би-би-си.

Чилеанскиот репрезентативец пред неколку дена ги договори условите за соработка со клубот од „Олд Трафорд“, а за да се реализира трансферот, Арсен Венгер, менаџерот на „топчиите“ инсистираше да го ангажира Ерменецот.
Според наводите на Би-би-си, Мхитарјан денес ќе ги заврши лекарските прегледи.
Дваесет и осумгодишниот Ерменец во 2016 година од Борусија Дортмунд направи трансфер во Јунајтед за 30 милиони евра и потпиша договор до 2021.
Оваа сезона Мхитарјан ја изгуби довербата кај Жозе Мурињо и во 15 натпревари постигна еден гол и имаше пет асистенции.

 

Најнови вести