Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2018

Покетино: Ги заслуживме сите пофалби

Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем, по триумфот над Манчестер јунајтед изјави дека тоа била една од најдобрите партии на неговиот тим на „Вембли“.

Тотенхем како домаќин го совлада Манчестер јунајтед со 2-0 во дербито од 25-тото коло на Премиер лигата.
„Одигравме одлично, многу сум задоволен. Им честитам на играчите, ги заслужија сите пофалби. Победивме одличен тим, доминиравме, не примивме гол, тоа заслужува пофалби. Не знам дали ова е наш најдобар натпревар, но ако сметаме на ‘Вембли’, тогаш е еден од најдобрите“, изјави Покетино.
Неговиот тим поведе на стартот на натпреварот, кога Кристијан Ериксен по десетина секунди го матираше Давид де Хеа.
„Бевме подготвени уште од стартот да нападнеме и да бидеме агресивни, да ги притиснеме. Среќен сум што голот дојде по десет секунди, тоа е фудбалот. Тоа беше одлична трка. Немаше чекање, бевме одлучни. Тоа е нешто што треба да им се покаже на играчите во академијата. Кристијан одигра одлична партија, не само денес, тој е играч кој ги поврзува сите“, изјави аргентинскиот стручњак“, додаде аргентинскиот стручњак.
По 25-тото коло, Тотенхем се наоѓа на петтото место со 48 бода, два помалку од Челзи и од Ливерпул, а пет од второпласираниот Јунајтед. Сити убедливо е прв со 68. Во наредниот натпревар „петлите“ ќе играат уште едно дерби – во недела ќе гостуваат кај Ливерпул.

Најнови вести