Корисничко име Лозинка Пријави се
20.2.2018

Судир на титаните во Лондон, Баерн ќе го дочека Бешикташ

Со натпреварите Челзи – Барселона и Баерн Минхен – Бешикташ почнува втората седмица од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Во центарот на вниманието е средбата на лондонскиот „Стемфорд бриџ“ меѓу добро познатите ривали, меѓусебно го играат дури 11-тиот натпревар во последните 13 години, меѓу кои имаше многу контроверзии и драматични завршници.
На сите и понатаму им е во сеќавање полуфиналето од 2009 година, кога норвешкиот судија Том Хенинг Евребо, токму во Лондон, директно го оштети Челзи и ѝ помогна на Барселона да се пласира понатаму и создаде ривалски релации меѓу двата тима, но и победа во продолженија, запирање на времето...
Што се однесува до нокаут-фазата, Барселона во судирот имаше повеќе успех, 3-2, со тоа што Челзи славеше во последниот двомеч во 2012 година и подоцна стана шампион на Европа.
Ситуацијата сега е таква што повеќе шанси за пласман му се даваат на клубот од „Камп ноу“, посебно што во Примера лигата е блиску до титулата, па повеќе може да се фокусира на трофејот, за разлика од Челзи, кој се мачи во англиската Премиер лига.
Помалку неизвесност се очекува во Минхен, каде што Баерн ќе го дочека Бешикташ како голем фаворит, иако германскиот гигант во осминафиналето влезе од второто место.
Бешикташ ќе има голема поддршка од Турците од Минхен, но тоа нема да му помогне многу.
Турскиот клуб веќе направи историски резултат со тоа што како прв тим од Турција во нокаут-фазата отиде како победник на групата, па сè повеќе од тоа би било премија.
Натпреварите се играат во стандардниот термин од 20.45 часот.

Најнови вести