Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2018

„Росонерите“ може да играат во Европа

Италијанскиот гигант Милан ја доби европската лиценца за настап во натпреварувањата на УЕФА за наредната сезона, но го очекува и блага казна поради кршење на финансискиот фер плеј.

На клубот од „Сан Сиро“ му се закануваше исклучување од Европа бидејќи не постигнал договор со УЕФА минатата година, но судејќи според сè, сега ги средил документите.
Покрај Милан, лиценцата ја добија уште 13 клубови од Серија А, освен Калјари, Киево, Кротоне, Беневенто, СПАЛ и Верона, тимови кои немаат ниту теоретски шанси да дојдат до меѓународната сцена.
На две кола пред крајот на првенството, „росонерите“ се шести на табелата со 60 бода, на последното место кое води во Лигата а Европа, само со еден бод повеќе од Аталанта.

Најнови вести