Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2018

Лев ја шокира јавноста – Сане отпадна од списокот за Мундијалот

Јоахим Лев, селекторот на германската репрезентација, изненади со списокот за Светското првенство во Русија со тоа што го отстрани Лерој Сане, фудбалерот на Манчестер сити.

Покрај Сане, кој беше еден од клучните играчи на Сити за освојувањето на титулата во Премиер лигата, Лев од поширокиот список ги прецрта и Бернд Лено, голманот на Баер Леверкузен, неговиот соиграч Џонатан Тах и Нилс Петерсен, напаѓачот на Фрајбург.
Сане отпадна бидејќи предност добија Јулијан Дракслер, Марко Ројс, Јулијан Брант и Леон Горецка.
Лев го објави конечниот список со 23-ца играчи:
Голмани: Мануел Нојер (Баерн), Марк-Андре Штеген (Барселона), Кевин Трап (ПСЖ).
Одбрана: Марвин Платенхарт (Херта), Јонас Хектор (Келн), Матијас Гинтер (Менхенгладбах), Матс Хумелс (Баерн), Никлас Зиле (Баерн), Антонио Ридигер (Челзи), Џером Боатенг (Баерн), Џошуа Кимих (Баерн).
Средина на теренот: Сами Хедира (Јувентус), Себастијан Руди (Баерн), Месут Озил (Арсенал), Тони Крос (Реал Мадрид), Илкај Гундоган (Манчестер сити).
Напад: Јулијан Дракслер (ПСЖ), Марко Ројс (Борусија Дортмунд), Томас Милер (Баерн), Леон Горецка (Баерн), Јулијан Брант (Баер Леверкузен), Тимо Вернер (Лајпциг) и Марио Гомес (Штутгарт).
Германија на Мундијалот ќе игра во групата Ф заедно со Мексико, Шведска и Јужна Кореја. Светското првенство на програмата е од 14-ти јуни до 15-ти јули.

 

Најнови вести