Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2018

Зидан кандидат да го замени Мурињо на „Олд Трафорд“

Зинедин Зидан се најавува како можен наследник на Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед.

Португалскиот стратег е во конфликт со челниците на „црвените ѓаволи“ откако не му беше дозволено да ги донесе посакуваните засилувања во летниот преоден рок. 
Мурињо јавно ги критикуваше првите луѓе на клубот и со тоа стана прв фаворит за добивање отказ во почетокот на новата сезона од Премиер лигата. Англиските медиуми предвидуваат дека доколку Мурињо добие отказ, како негов наследник се најавува Зидан. 
Францускиот тренер е без работа откако на крајот на минатата сезона реши да си замине од Реал Мадрид, со кого три сезони по ред ја освојуваше Лигата на шампионите.

Најнови вести