Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Алиоски со победа и асистенција ја почна сезоната во Чемпионшип

Македонскиот репрезентативец се запиша меѓу асистентите во победата на Лидс над Стоук (3:1)

Лидс со победа од 3:1 над Стоук ја започна новата сезона во Чемпионшип, а свој придонес за првите три бода имаше и нашиот репрезентативец, Езѓан Алиоски.

Алиоски асистираше на вториот погодок за Лидс кој го постигна Пабло Ернандез пред финишот на првото полувреме. За домаќините претходно стрелаше Клич во 15. минута, Афобе од белата точка погоди за Стоук, а конечниот резултат го постави капитенот Купер во 57. минута од средбата.

Новиот предводник на „белите“, Марсело Биелса, очигледно има голема доверба во Македонецот откако го остави на терен до 90. минута, пред Алиоски да биде испратен со овации од навивачите на „Еланд Роуд“.

Најнови вести