Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2012

Навивачите на Блекбурн протестираат против тренерот и сопствениците

Навивачите на англискиот премиерлигаш Блекбурн уште се незадоволни. Не можат да ги гледаат нивните миленици на дното на табелата, па повторно се одлучија да протестираат.

Еден дел од навивачите се одлучи за демонстрации околу „Едвуд парк“, стадионот на Блекбурн, кои засега поминаа без никакви инциденти. Навивачите со скандирање, пред сè, бараат оставка на сегашниот менаџер Стив Кин, но во овој случај се побунија и против индиските сопственици на клубот.
Инаку, Блекбурн е последнопласираната екипа на Премиер лигата, а во целиот досегашен тек на сезоната победи само три пати. Беше подобар од новиот лигаш Свонси, но, исто така, и од Арсенал и од Манчестер јунајтед.
„Немаме веќе избор. Никој не сака да го размрда овој тим и никој ништо не прави во однос на подобрување. Само тонеме сè подлабоко и затоа се одлучивме да направиме нешто“, рекоа навивачите.
Ова не се први овосезонски навивачки демонстрации против тренерот, но ќе видиме дали во овој случај ќе извршат влијание на лидерските позиции во клубот.

Најнови вести