Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Усаин Болт на проба во Австралија

Јамајканскиот спринтер е решен да заигра професионален фудбал по цекоја цена

После неколку неуспешни маркетиншки и фудбалски обиди на Усаин Болт да „заплива“ во водите на најпознатиот спорт, Јамајканецот ќе си ја проба среќата во Австралија.

Oсумкратниот освојувач на олимписко злато потпиша преддоговор со Централ коуст маринерс, каде во следниот месец ќе тренира со цел да добие професионален договор, што би бил прв во неговата кариера.

„Се радувам на што ќе добијам шанса да се докажам во Австралија. Сон ми е да заиграм фудбал на професионално ниво, се надевам дека тој сон ќе го остварам тука. Ништо не е невозможно за мене, ќе покажам што знам со надеж дека тоа ќе биде доволно да добијам договор“, истакна Болт.

Инаку, триесет и едногодишниот спринтер претходно беше на проба во Борусија Дортмунд, како и во јужноафриканскиот клуб Сандаунс и норвешки Стромсгодсет.

Најнови вести