Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Ковач воспоставува ред меѓу „баварците“: Забрането користење телефони во тренинг-кампот на Баерн

Новиот предводник на Баерн Минхен сака да држи сѐ под контрола

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, веднаш го наметна својот авторитет во тимот така што воспостави неколку свои правила кои максимално треба да се почитуваат. Ексселекторот на Хрватска им забрани на играчите да користат телефони кога се во тренинг-центарот или, пак, на тимска вечера, додека дозволено им е да ги користат во соблекувалната, пред или по натпревар.
Ковач уште пред две недели го напоменал ова правило, меѓутоа некои од играчите не се придржувале до тоа, па Хрватот најави санкции за сите кои нема да го почитуваат неговиот збор.

„Користењето телефон во соблекувална е во ред, но, забрането е да се користи во тренинг-центарот. Ако сме на вечера заедно, нормално е да комуницираме меѓу себе, а не цело време да сме со телефоните во раце. Сакам играчите да разменуваат мислења, повеќе комуникација го подобрува тимскиот дух на и надвор од терените. Покрај другото, зрачењето е штетно при опуштање и масажи“, истакна Ковач.

Баерн неодамна го освои првиот трофеј под водство на хрватскиот стратег совладувајќи го Ајнтрахт Франкфурт со 5-0 во рамките на германскиот Суперкуп.

Најнови вести