Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Брајтон им одржа лекција на „црвените ѓаволи“

Нема да му биде пријатно на Жозе Мурињо, кој повторно ќе биде посочен како главен виновник за поразот

Со борбена игра, фанатична поддршка од трибините и користење на шансите, Брајтон дојде до заслужена победа од 3:2 против големиот Манчестер јунајтед. 
Во 25 и 27. минута, „црвените ѓаволи“ беа шокирани, Брајтон „на јуриш“ даде два гола за водство од 2-0, и најави дека е можно изненадување. Гостите намалија преку Лукаку, но на полувреме се замина со 3-1. 
Екипата на тренерот Мурињо ја држеше топката во свои нозе, но не успеваше да креира чисти шанси за гол, па дури во 95 минута од пенал, Погба само го намали поразот. Португалскиот стручњак не успеа да ја мотивира својата екипа да даде максимум од себе и да се обиде а направи пресврт, па поразот беше неизбежен. 
Покрај Мурињо, на мета на критики се и голманот Де Геа кој не одбрани ниту една топка, и дефанзивец Ерик Бејли, кој делуваше загубено. 
За Јунајтед заврши низата од три меча без пораз, а Брајтон после три меча постење, конечно се омрси со три бода. 

 

Најнови вести