Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Интер станува „пациент“ на Сасуоло

„Нераѕурите“ со пораз стартуваа во Серија А

Екипата на Интер лошо го започна новото првенство во Серија А. „Нераѕурите“ се поразени на гостувањето кај Сасуоло со 1:0, па во следното коло ќе почекаат да се израдуваат на првите бодови во италијанското првенство. 
Поразот од Сасуоло и не е некое изненадување, посебно ако се погледнат нивните неколку последни меѓусебни средби. Лани Сасуоло победи два пати, а интересно е тоа што овој клуб се радува по осми пат во последните девет средби против некогашниот европски првак. 
Едноставно Интер е немоќен кога се работи за мечеви против Сасуоло. Домаќините овојпат со еден постигнат гол стигнаа до трите бода. Доменико Берарди погоди од пенал во 27 минута и тоа се покажа како клучен момент на средбата. 
Парма не успеа со победа да се врати во Серија А. На домашен терен Парма водеше со 2:0, но на крајот мораше да се задоволи со 2:2 во дуелот против Удинезе. Емполи беше сигурен на свој терен и со 2:0 го победи Калјари, додека СПАЛ успеа на гости со 1:0 да се радува против Болоња. 

 

Најнови вести