Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Митот за „Леркендал“ – Тврдината на Розенборг каде што паднаа Реал, Ајакс, Бенфика...

Розенборг има долга традиција на настапи во еврокуповите, а актуелниот норвешки првак играше речиси со сите европски гиганти и дел од нив паднаа на „Леркендал“ арена

Розенборг вечерва ќе ѝ биде тежок ривал на Шкендија во првиот дуел од двомечот за настап во Лигата на Европа. Посебна приказна за 25-кратниот норвешки првак е стадионот, или популарната арена „Леркендал“.
Стадионот на којшто гостувале речиси сите европски гиганти, а паднал „скалпот“ на големите шампиони. Тука ќе игра Шкендија од 20.45, ќе се обиде да приреди изненадување, нешто што му успеваше на Розенборг против Реал Мадрид, Ајакс, Валенсија, ПСЖ. 
Највредниот резултат на Розенборг, секако, е победата против најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид во сезоната 1997/98. Розенборг славеше со 2-0 против славниот Реал. Секако, многу вредни се и победите против поранешните европски прваци, против Бенфика со 2-1 и против Ајакс со 3-2, потоа и против Валенсија со 2-0, ПСЖ 3-1 и нерешените против Јувентус, Интер, Баерн, Борусија Дортмунд...
Розенборг има и големо искуство со настапите во Лигата на шампионите и повеќекратни настапи во фазата по групи во лускузното натпреварување, што покажува кој е фаворит во двомечот со Шкендија.

 

Најнови вести