Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Тотенхем на маки, Ериксен бара плата колку што зема Кејн

Данецот го одолговлекува потпишувањето нов договор со Спарси, бара да биде платен на ниво на Кејн и Љорис

Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен, ги одолговлекува преговорите за нов договор со клубот од Лондон. Според англиските медиуми, тој бара да заработува иста плата колку капитенот Уго Љорис и голгетерот Хари Кејн.

Кејн пред почетокот на СП потпиша шестгодишен договор според кој заработува 100,000 фунти неделно, а таа плата може да достигне висина од 300,000 фунти доколку напаѓачот активира неколку бонуси при голови и победи на тимот. Ериксен бара сличен договор, а го користи интересот од Барселона и ПСЖ како изговор дека во еден од овие клубови би земал поголема плата доколку си замине од „Вајт харт лејн“. 

Засега му преостануваат две години од договорот со Тотенхем, доволно добра причина за раководството што побрзо да пронајде решение и да го задржи Ериксен на подолг период. Впрочем, тој е миленик на навивачите и е еден од клучинте играчи на Маурисио Покетино.


Најнови вести