Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2018

Мурињо го доживеа најтешкиот пораз дома, па избега од пресот

Иако убедливо загуби, Потугалецот се фалеше дека е најуспешниот менаџер

Кризата во Манчестер Јунајтед се продлабочи, откако синоќа тимот загуби убедливо со 0:3 од Тотенхем, во последниот меч од третото коло во Премиер лигата. Ова е шокантен пораз на кој не е навикнат ниту еден навивач на „црвените ѓаволи“. 
На ваков дебакл, посебно на домашен терен не е навикнат и тренерот Жозе Мурињо. Португалскиот стратег за прв пат во кариерата загуби натпревар на домашен терен со 0:3, во било кое натпреварување. Мурињо дефинитивно ќе го памти овој пораз, но не само по резултатот, туку и по немоќта да се пробие гостинската одбрана. 
По средбата на „Олд Трафорд“, Мурињо беше многу лут, но не заборави да се пофали дека тој има освоено три титули во Премиер лигата, а сите останати 19 менаџери само два такви трофеи. 
„Многу пати кога ќе победиме, вие не сте задоволни и ме прашувате за стилот на играта и дека не играме доволно напаѓачки. Овојпат бевме агресивни, го притискавме противникот, Тотенхем не можеше да направи две точни додавања во првото полувреме. Загубивме бидејќи примивме гол од првиот корнер кој го изведоа и тоа после 50-тата минута. Во првото полувреме требаше да водиме 2:0 или 3:0, затоа што бевме многу подобри. На крајот загубивме 3:0. Но знаете што друго има со бројот 3? Јас имам три титули во Премиер лигата, а сите останати 19 менаџери заедно имаат само две титули. Три за мене, две за нив. Затоа ве молам за респект“, заврши Мурињо, кој веднаш потоа избега од прес конференцијата.
За Манчестер ова беше точно 50 пораз на свој терен откако е формирана Премиер лигата. Интересно е тоа што дури 32 отсто од поразите, односно точно 16 се по ерата на Алекс Фергусон. Легендарниот стратег кој 27 години беше на чело на клубот имаше само 34 порази на домашен терен. Сега таа бројка изнесува 16 во само четири сезони. 

 

Најнови вести