Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Продолжува низата на Ливерпул во Премиер лигата

„Црвените“ остануваат перфектни и по гостувањето во Лестер

Ливерпул забележа победа и во четвртото коло во Премиер лигата, откако со 1-2 го совладаа Лестер за нови три бода, вкупно 12. „Црвените“ со максимален учинок остануваат на чело на табелата, додека беа потребни четири меча за Алисон конечно да биде совладан, а Ливерпул да го прими првиот гол во домашниот шампионат.

Садио Мане овозможи рано водство за гостите, по само 10 минути игра Сенегалецот го отвори резултатот по асистенција на Робертсон, додека Фирмино зголеми на 0-2 во 45-тата минута од прввото полувреме. Лестер намали на 1-2 во 63-тата минута од средбата преку Гезал, откако Алисон направи непотребна грешка во шестнаесетникот и практично им подари гол на „лисиците“.

Најнови вести