Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2018

Реал, Барса и Атлетико џабе трошеа пари

Најдобрите три шпански тима летово носеа играчи кои сега ги користат само како резерви

Новите играчи кои Реал Мадрид, Атлетико и Барселона ги донесоа во текот на летово, на трите шпански гиганти им служат само како резерви и пополнување на непланирани празнини. Засега тренерите имаат поголема доверба во староседелците отколку во новите „засилувања“.
Во формацијата 4-3-3 на Барса на Ернесто Валверде, ниту еден од новаците нема место во почетните 11. Добрата форма на Дембеле значеше заковување за клупа на Малком, кој требаше да биде алтернативното десно крило. 
Артур на подготвителните мечеви го споредуваа со Чави, а откако почнаа официјалните мечеви, тој и Видал чекаат шанса од клупата и ретко ја добиваат. Тоа важи и за Ленгле, кој е трет во ротацијата кај централните дефанзивци. Од новите, во првите четири кола најмногу играше Чилеанецот Видал, вкупно 38 минути. 
Кај Реал, голманот Куртуа дебитираше во четвртото коло, а останатите уште не заиграле ниту една минута. Винисиус настапува за вториот тим на Реал, Маријано штотуку дојде и засега е резерва на разиграниот Бензема, а Одриозола беше повреден и не е опасен за стартерското место на Карвахал. 
Атлетико во поразот од Селта, на клупата имаше играчи за кои клубот плати 115 милиони евра. Лемар, Калиниќ, Мартинс, Родриго и Ариас засега не го убедуваат тренерот Диего Симеоне. Французинот Лемар играше 187 минути и тој е рекордер по искористеност меѓу новите играчи.

 

Најнови вести